Медиуми
Што значи „дезинформација“?
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Известувања Лабуништа Новости Сабота 14.11.2026
По барање на Општина Струга, Владата на Република Македонија го вклучи проектот за обезбедување нови водни извори и изградба на доводен цевковод до новиот резервоар во ребалансот на Буџетот. Средствата во износ од над 416.000 евра веќе се одобрени од Владата, со што се отвора патот за реализација на овој значаен проект за Лабуништа.
Одобрениот проект претставува важен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.
Во 2018 година, со инвестиција од околу 200.000 евра, беше изграден дополнителен резервоар со капацитет од 700 м³. Сегашните резервоари заедно располагаат со околу 1.200 м³ вода, но за редовно водоснабдување пресудно е и колку вода постојано дотекува во нив.
Лабуништа има над 2.500 објекти. Ако за илустрација се земе просечна потрошувачка од 1 м³ вода дневно по објект, дневната потреба би надминала 2.500 м³ – повеќе од двојно од вкупниот капацитет на резервоарите.
Во сушните периоди, кога приливот од изворите се намалува, а особено во лето кога нашите иселеници се дома и потрошувачката расте, резервоарите се празнат побрзо отколку што се полнат. Токму тогаш се појавува потребата од рестрикции.
Затоа новите водни извори се од суштинско значење. Со инвестицијата од над 416.000 евра се очекува да се зголеми приливот на вода и да се создадат услови за постабилно водоснабдување. Доколку новите извори обезбедат доволно вода и во сушните месеци, проектот може да донесе трајно решение за недостигот на вода.
За Лабуништа, ова значи надеж за летни денови без рестрикции и посигурно водоснабдување за секое домаќинство.
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...