Џамиите беа преполни за првата теравија, срцата смирени, а сафовите збиени како никогаш. Од најмали до највозрасни – сите се собраа во ибадет, со насмевки и солзи радосници.
Во рамки на дискусијата беа разменети мислења и предлози за конкретни чекори и заедничка соработка со цел долгорочна заштита на природното богатство на Јабланица.
Овој зимски распуст беше најпосебниот во мојот живот. Наместо да останам дома и да им се радувам само на снегот и снежните игри, моите родители ми соопштија нешто што ме остави без зборови. Ми соопштија дека ќе патуваме да учествуваме на обредот Умра во градовите Мека и Медина! Во тој момент бев и изненадена и пресреќна, а срцето ми чукаше од возбуда. Не можев да поверувам дека ќе ги посетам тие свети места за кои толку многу сум слушала. Уште тогаш си помислив колку ќе биде убаво кога ќе се вратам и ќе им раскажам сè на моите другарчиња, со многу радост и гордост.
Подгорци.мк заедно со доброволци од нашата населба организира заеднички пречек на Месецот на Постот во дворот на Новата Џамија! Поради што ги повикуваме сите заедно со своите деца да дојдат и заедно во радосна атмосфера да го пречекаме месецот на постот!
Со особена радост ве известуваме дека за прв пат, елхамдулиллах, со помош на Аллах џ.ш., во Златната Џамија теравија намаз ќе се клања со хатме на Кур’анот.
Денес претставник на турската владина организација ТИКА, Ајдин Терчан, генерален советник на Општина Адапазар, Сакарја, со долгогодишно работно искуство и член на генералниот центар на АК партија, беше во посета на нашето село Лабуништа. Во рамки на посетата, оствари средби и изврши посета на ООУ „Мурат Лабуништи“, амбулантата, како и Јавното претпријатие „Хигиена“.
Меџлисот на џамии во Лабуништа ги известува жителите за Рамазанската програма за 2026 година (1447 хиџри)
Во организација на Муфтиството на ИВЗ – Струга, а во соработка со Долната Џамија во Лабуништа, по јација-намаз се одржа исламската трибина на тема „Да се подготвиме за Рамазан“.
Со голема посветеност продолжуваат работите за реновирање на чешмата кај Долната џамија. Во изминатиот период се извршија значајни зафати – се обновува конструкцијата, се средува околината и чекор по чекор чешмата го добива својот убав и достоинствен изглед.
Здравјето на населението претставува огледало на начинот на живот, исхраната, животната средина и здравствената култура во една заедница. Иако Лабуништа се наоѓа во природно чист регион со планински воздух и традиционални вредности, современите навики носат нови здравствени предизвици кои директно влијаат врз квалитетот и должината на животот.
Муфтиството на ИВЗ – Струга, во соработка со Долна Џамија Лабуништа, во недела 15.02.2026 година, по јација-намаз, организира Исламска трибина со наслов „Да се подготвиме за Рамазан“.
Долната џамија ги известува жителите дека оваа година подрумот нема да биде отворен за жени за клањање на теравија намаз, поради очекуваната голема гужва.
Хуманитарното друштво Diaspora Labunista, заедно со Здружение Laburia, и оваа година организира рамазанска хуманитарна помош. Секој што има потреба може слободно и доверливо да се обрати и ќе добие соодветна поддршка.
Од надлежните беше истакнато дека во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие локации, со што ќе се даде нов импулс на локалниот развој и унапредување на инфраструктурата во Лабуништа.
Со радост и среќа ги поздравуваме Рамазанските денови во Лабуништа! Нека овој месец донесе мир во вашите срца, светлина во вашите куќи и љубов со вашите најмили. Среќни Рамазански денови на сите, блиску или далеку од Лабуништа!
Здравствениот дом Вевчани продолжува со унапредување на здравствените услуги и нивна поголема достапност за жителите на Вевчани, но и за населението од регионот што го опслужува преку сопствените амбуланти во Лабуништа и Велешта.
По подолг период на темнина, училиштето „Мурат Лабуништи“ повторно доби осветлување и сега свети во вечерните часови, што претставува позитивна промена за учениците, родителите и жителите на Лабуништа.
Откако вчера објавивме на нашиот портал Labusta.mk, денес официјално започна санирањето и бетонирањето на патот кај месноста Калишта.
Со таа цел, се упатува јавен повик до сите сопственици на парцели во овој реон, како и до други хумани граѓани и донатори, да се вклучат и придонесат во реализацијата на овој значаен проект, кој претставува трајна садака и инвестиција во заедничкото добро.
Почитувани, Со задоволство ве покануваме на 5-тиот традиционален ифтар во организација на џуманитарното друштво „Младина“ од Нова Горица.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Ве известуваме дека во дворот на ООУ „Мурат Лабуништи“ е поставен автомат за соб...
По неколкудневното гласање и големиот интерес на нашите следбеници, со задоволст...
🎨 Со многу креативност, ентузијазам и тимска работа, наставниците и учениците од...
Возниот парк на ЈКП „Хигијена“ ќе биде збогатен со уште едно возило за собирање ...
Во тек се подготовките за поставување на последната плоча, со што успешно се зао...
Нашите деца секојдневно докажуваат дека Лабуништа има талентирани, вредни и амби...
Лабуништа отсекогаш била препознатлива по своите уредени дворови, шарени цвеќиња...
Имавме чест да ги пречекаме родителите, како и директорите од другите училишта, ...