Лабуништа Новости Среда 03.09.2025
После текстот што го напишавме за мали добри дела во секоја џума (петок), денес добивме прекрасен пример што вреди да се запамети: еден човек тивко, без да сака некој да го знае, ги платил сите лебови во една продавница. И така, секој што влегол, наместо да ја извади својата паричка, слушнал само: „Аџо, денеска лебот ви е платен.“
Ваквите дела не се мерат по бројки, по вредност или по тоа кој ќе ги види. Тие се мерат по чистината на срцето. Некој ќе си замине со изненадена насмевка, друг ќе се почувствува охрабрен, а сите заедно ќе научиме уште еднаш дека вистинската убавина е во делењето и во тоа да мислиш на другиот.
Оваа традиција не е нова меѓу нас. Особено во месец Рамазан, низ целата земја и свет, муслиманите се натпреваруваат во добри дела – се дава садака, се купува за другите, се помага, се дели. И секое такво дело остава трага што не се брише.
Аллах да ги награди сите што со скриени раце и со чисто срце прават добро. Нивното име можеби никој нема да го знае, но наградата нивна е кај Аллах.
Ајде да продолжиме со оваа традиција – денес еден, утре друг, и чекор по чекор да изградиме синџир на добрина што нема крај.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...