Бизнис Заедница Лабуништа Новости Петок 03.10.2025
Во Лабуништа започна со работа компанијата „Австрија Пласт“, која се занимава со изработка на ПВЦ столарија според највисоки европски стандарди. Производството се одвива со најсовремена роботизирана технологија, што овозможува висока прецизност и квалитет.
За своите производи, компанијата користи германски ПВЦ профил „ВЕКА“, кој ги поседува сите потребни европски сертификати за квалитет и сигурност. Со тоа, „Австрија Пласт“ нуди модерен и траен избор на врвна столарија.
Сопственик на компанијата е младиот Арбен Латифоски, повратник од дијаспората, кој ја препозна можноста да инвестира во своето родно место.
„Со голема желба се вратив од дијаспората за да вложам во моето родно место Лабуништа. Целта ми е да изградиме компанија која ќе нуди европски квалитет и ќе отвори нови работни места за младите овде. Верувам дека со труд, современа технологија и посветеност можеме да создадеме успешна приказна која ќе придонесе за развојот на целата наша заедница,“ истакна Латифоски.
Со квалитетната изработка, современиот пристап и европските стандарди, „Австрија Пласт“ претставува нова успешна приказна од Лабуништа и пример за враќање и инвестирање во татковината.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...