Лабуништа Новости Недела 28.12.2025
Вечерва во Лабуништа се одржа свечена Куранска вечер, организирана од "Дијаспора Лабуништа – ЦХ" и "Младина" Нова Горица. Настанот помина во исклучително духовна и возвишена атмосфера, со богата програма исполнета со учење на Куранот, илахии, касиди и поучни обраќања.
Програмата беше отворена од хафизите Џемаил Нухиу и Егзон Ибраими, кои ги проучија последните два ајети од сурата Ел-Бекара. Модераторот на вечерта, Нагим еф. Мустафоски, одржа воведен говор, по што следеше поздравно обраќање од Муфтијата на Муфтиството Струга, Ади еф. Муртиши.
Особен впечаток остави ученик од Институтот за хифз при Муфтиството Струга, кој со својот прекрасен глас ја проучи сурата Ел-Мулк. Потоа, младиот гостин од Босна и Херцеговина, хафиз Маџид Аганхоџиќ, ги почести присутните со учење од Куранот.
Учењето на Куран и Илахии продолжи со настап на курра хафиз Егзон Ибраими од Република Косово, чест гостин во Лабуништа, кој проучи одбрани ајети од Куранот. Хафиз Џемаил Нухиу потоа изведе илахии и касиди на арапски, турски, албански и босански јазик, по што повторно настапи хафиз Маџид со неколку илахии и касиди.
Посебен момент беше касидата посветена на џамијата Мехмед Али Паша, компонирана и изведена од модераторот Нагим еф. Мустафоски. Потоа следеше уште еден настап на хафиз Егзон Ибраими со илахии, касиди и учење од Куранот, а со учење од Куранот настапи и хафиз Џемаил Нухиу.
Пред самиот крај, специјалниот гостин од Босна и Херцеговина, професор Изет еф. Чамџиќ, одржа инспиративно предавање со корисни и поучни совети за присутните.
Програмата беше затворена од имамот на Лабуништа, Кадир еф. Далипоски, со учење на кратко ашере од Куранот.
Настанот беше проследен со масовна посетеност, што уште еднаш ја потврди љубовта на верниците кон Куранот и духовните вредности, како и силната поврзаност на дијаспората со родното Лабуништа.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...