Лабуништа Новости Понеделник 05.01.2026
Како да беа ден, или само дел од денот. Така помина времето со нашите гурбетчии. Тие си заминаа, а зад себе оставија тишина што тежи повеќе од зборови – темни и затворени куќи, расплакани родители, браќа и сестри, другари и пријатели.
Како вчера да дојдоа, а веќе денес си заминаа. Уште не беа ни загреани дворовите од нивното присуство, а веќе куферите беа повторно спакувани.
Само што ги пречекавме со зборовите: „Здрави дошле, како поминавте на поти?“, а веднаш потоа, со тешко срце, го поставувавме прашањето кое сите го знаевме: „Кога бегате?“.
Одморот траеше точно меѓу тие две прашања. Кратко, пребрзо, недоволно. Но таков е животот. Тие веќе го фатиле тој пат – патот на печалбата, на жртвата, на далечината – и мора да се оди. За лебот, за иднината, за семејството.
Лабуништа повторно остана да чека. Да чека ново лето, нова зима, нов празник. Да ги чува спомените од исполнетите со смеа вечери, од прегратките на разделба, од солзите што тивко паѓаат на автобуски - авионските станици и пред портите.
На сите гурбетчии им посакуваме среќен пат. Аллах да им даде здравје и бериќет во нивните работи, да ги чува каде и да се. Нека го носат Лабуништа во срцата, каде и да одат, а ние овде им ветуваме – еманетот Лабуништа ќе го чуваме. Ќе го чуваме со љубов, со надеж и со постојано исчекување на следната средба.
Зошто ова не е збогум. Ова е само „до следното видување“.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...