Медиуми
Што значи „дезинформација“?
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Лабунишки Мудрости Вторник 27.10.2026
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Старите лабуништани живееја во големи семејни заедници. Под еден покрив се собираа повеќе поколенија, се делеше лебот и заеднички се носеа грижите на куќата.
Секоја фамилија си имаше свој старешина. Неговиот авторитет се потпираше врз годините, искуството и одговорноста што ја носеше за домашните. Тој се грижеше за работите на куќата: што треба да се сработи, што не смее да се одложи и кому каква обврска да му се довери. При распределбата на работата, неговиот збор обично беше последен.
Се знаеше кој ќе оди на нива, кој ќе се погрижи за добитокот, кој ќе оди на мајсторска, а кој ќе остане да помогне дома. Секој имаше свој дел во заедничкиот живот, зашто несработеното од едниот стануваше дополнителен товар за другиот.
Но, и во тие куќи имало различни нарави. Некој ќе послушал и ќе ја завршел работата, а друг ќе терал по свое, уверен дека знае подобро.
Имало и такви што важните животни одлуки ги носеле на своја рака, без да се посоветуваат со постарите и поискусните и без да ја побараат нивната согласност. Некој ќе се зафател со одредена општествена дејност, друг ќе влезел во работа чии обврски и последици не ги познавал доволно, а трет ќе заминел далеку од родниот крај, понесен од надежта дека таму го чека подобар живот.
Желбата да се обиде нешто ново била разбирлива. Но, понекогаш во занесот се потценувале тешкотиите, а предупредувањата на поискусните се примале како непотребно мешање.
Се случувало таквите одлуки скапо да ги чинат оние што ги донеле. Дури кога ќе се соочеле со последиците, ќе се присетеле на зборовите што порано не сакале да ги слушнат.
Вакви непромислени чекори се повторувале низ сите поколенија. Во секое време имало луѓе кои, понесени од својата желба или од увереноста дека сами најдобро знаат, преземале нешто без доволно да размислат, а потоа тешко ги поднесувале последиците.
Додека службував како имам во Лабуништа, често имав можност од постарите џематлии да слушнам едноставни реченици во кои беше собрана особена народна мудрост. Со малку зборови знаеја да опишат состојба што секој од нас можеше да ја препознае.
Кога ќе станеше збор за некој што со сопствена непромисленост си ја усложнил работата, знаеја да речат: „Што може човекот самиот да си ја згреши работата, никој друг не може.“
А некогаш истата мисла ја искажуваа и со други зборови: „Што може човек самиот себе да си натовари проблеми, никој друг не може да му натовари.“
Во тие зборови немаше само прекор. Имаше и опомена човек да застане пред да направи чекор што подоцна може скапо да го чини. Да размисли и да го сослуша советот на оној што поминал повеќе во животот и искрено му посакува добро.
И денес, иако времињата и околностите се поинакви, човекот понекогаш избрзува, ја слуша само својата желба и ги потценува последиците. А кога работата ќе тргне наопаку, лесно ја бара причината во другите.
Се разбира, не секоја неволја доаѓа од наша грешка. Но, за она што зависи од нас, добро е навреме да се посоветуваме и да размислиме. А ако веќе сме погрешиле, да имаме сила да си го признаеме тоа и да се обидеме да го поправиме.
Зашто понекогаш е полесно да се послуша еден добронамерен совет, отколку подоцна да се носи товарот на една непромислена одлука.
Јакуб Казимоски — “Мудрости на старите лабуништани”
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...