Медиуми
Што значи „дезинформација“?
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Лабуништа Новости Сабота 04.04.2026
Печалбарството во Лабуништа има длабоки корени и претставува важен дел од историјата на селото. Уште во пораните времиња, православното население одело на печалба во Белград, Крагуевац, Влашко, Чешка, Австрија, Албанија и Грција, каде што најчесто отворале кујни и слаткарници.
Кај муслиманското население, печалбарството започнало нешто подоцна, некаде по 1915 година. Меѓу првите познати печалбари се споменуваат прочуениот мајстор Синан Лиманоски, Авдираман Мустафоски и Ќерим Даноски, кои работеле во Призрен и Пеќ.
Подоцна, муслиманското население од Лабуништа почнало да се занимава и со алваџиско-бозаџискиот занает во Албанија и Грција, додека во Турција особено се истакнувале со ѕидарството.
Печалбарството не било само начин за заработка, туку и начин на живот преку кој многу лабунишки семејства ја обезбедувале својата иднина. Така, Лабуништа низ годините станала препознатлива по своите вредни мајстори, занаетчии и печалбари, кои својот труд го оставиле на многу места низ Балканот и пошироко.
И по повеќе од 110 години, лабуништани и денес работат низ Македонија, Балканот, европските земји, како и во Америка. Познати се како едни од најдобрите ѕидари и мајстори, а токму со нивните вредни раце се разубавуваат многу европски градови и престолнини. Трудот, умешноста и мајсторството на лабуништани остануваат вградени во современите градби ширум светот.
Денес, Лабуништа е исто така позната и по својот силен претприемачки дух. Речиси секоја фамилија има свој семеен бизнис, занает или приватна дејност, што зборува за работливоста и снаодливоста на луѓето. Покрај тоа, селото има и голем број високообразовани кадри – доктори, компјутерски инженери, медицински сестри, адвокати, економисти, наставници и професори, кои со своето знаење и успех го претставуваат Лабуништа низ Македонија и светот.
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...