Лабуништа Новости Вторник 13.05.2025
Со особена чест и задоволство ја пренесуваме веста дека д-р Изет Салкоски, наш сограѓанин и респектиран медицински професионалец, успешно ја заврши специјализацијата по нефрологија и официјално го стекна звањето специјалист нефролог.
Овој значаен професионален успех претставува не само лична достигнување за д-р Салкоски, туку и причина за гордост за целата заедница на Лабуништа. По години напорна работа, посветеност и стручно усовршување, тој се здоби со едно од највисоките звања во областа на медицината, кое подразбира високо ниво на стручност во дијагностика и третман на заболувања на бубрезите.
Неговото достигнување е потврда за вредностите што ги негува нашето општество – знаење, трудољубивост и хуманост. Ваквиот успех претставува позитивен пример и мотив за младите генерации, кои стремат кон образование и професионален развој.
Локалната заедница со особена гордост ја дочекува оваа вест, изразувајќи благодарност и признание за вложениот труд на д-р Салкоски, и му посакува многу успех во неговата понатамошна кариера.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...