Лабуништа Новости Вторник 03.06.2025
Жителите на живописното село Лабуништа, сместено во срцето на планината Јабланица и познато по своите магични леднички езера, упатуваат искрен повик до сите посетители: сакајте ја и чувајте ја природата како драгоцено наследство.
„Нашите езера се чисти и стари илјадници години. Секое од нив е уникатен еко-систем кој ги хранел и напојувал нашите претходни генерации и заслужува да го чуваме со особена почит. Ве молиме, не фрлајте отпадоци, не ја загадувајте шумата и не се капете во ледничките води – тие се мошне чувствителни“, велат Лабуништаните со длабока грижа за иднината.
Иако постојат строги регулативи за заштита на природното богатство, Лабуништаните со отворено срце ги пречекуваат сите љубопитни патници, планинари и љубители на мирот. „Секој е добредојден, но важи едно правило – дојдете со почит. Природата не е само туристичка атракција: таа е жив организам што дише заедно со нас“, додаваат жителите.
Дополнително, апелираме и до сите кои ги промовираат убавините на Јабланица – да имаат предвид дека најголем дел од овие природни бисери, вклучително и самите леднички езера, се наоѓаат во атарот на Лабуништа, како дел од Лабунишките убавини. Токму затоа, важно е убавината што ја споделуваме со светот да оди рака под рака со вистината и одговорноста кон заедницата што се грижи за нив.
Нека Лабуништа остане пример за хармонија меѓу човекот и природата. Посетете ја со отворено срце и оставете само спомени – не отпадоци.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Амела Хоџа, која својата успешна професионална кариера ја гради во Сараево, како...