Медиуми
Што значи „дезинформација“?
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Лабунишки Мудрости Вторник 10.11.2026
✍️ Јакуб Казимоски
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Една од најголемите вредности на мудростите на старите лабуништани е нивната трајност. Нешто што некогаш го кажале во една кратка реченица, со само неколку збора, и денес звучи како да е изговорено вчера и како да се однесува токму на нас.
Во тие едноставни кажувања се собирало искуството на луѓе што многу работеле, многу виделе и поминале низ разни животни искушенија. Секоја генерација имала свои луѓе што ги паметеле и ги пренесувале понатаму, збогатувајќи ги и со сопственото искуство.
Оној што навреме ќе ја разберел нивната поука, можел да се поштеди од многу погрешни чекори. Но, имало и такви што сметале дека самите знаат доволно и дека советите на постарите веќе не важат за нивното време. Постапувале по свое, а подоцна, кога ќе ги почувствувале последиците, знаеле со жалење да речат: „Ех, камо среќа да ги послушав постарите…“
Старите особено внимавале како луѓето се однесуваат кога ќе им се промени животната состојба. Зашто, во секоја генерација имало поединци на кои за релативно кратко време ќе им тргнело: ќе ја подобреле материјалната состојба, ќе развиеле работа или ќе добиеле повисока положба во заедницата.
Меѓу нив имало луѓе што и по успехот останувале блиски и пристапни. Не заборавале како живееле порано, со кого ја делеле маката и кој им помогнал кога им било најпотребно. Продолжувале да се дружат со старите пријатели и со роднините, а кога можеле некому да помогнат, не чекале да бидат молени по неколкупати.
Нивниот успех се чувствувал и во животот на другите. Некому ќе му отвореле врата за работа, некому ќе му се нашле во тешкотија, а за потребите на селото придонесувале според своите можности.
Но, имало и такви што, штом ќе им тргнело, како да заборавале кои биле и како живееле до вчера. Сè потешко се доаѓало до нив, сè пократко разговарале со поранешните пријатели, а повиците за помош често останувале без одговор — и кога станувало збор за нечија мака и кога се барал придонес за заедничкото добро.
За својот успех знаеле со гордост да кажат:
„Ова не дојде само од себе. Треба човек да работи, да трча, да се снајде. Сето ова го создадов со моите две раце!“
И навистина, зад стекнатото можело да има многу труд и откажувања. Но, во таквиот говор често се заборавале и луѓето што помогнале, и можностите што се отвориле, и здравјето што го овозможило сето тоа. А за оној кому не му одело, лесно се заклучувало дека не се трудел доволно.
Токму тогаш старите лабуништани знаеле кратко да потсетат:
„Животот е скала.“
Во тие неколку збора имало и опомена и утеха. Опомена за оној што се возгордеал од успехот и утеха за оној што поминувал низ тежок период. Ниту искачувањето е вечно, ниту падот мора да биде крај.
Затоа, кога човек се искачува, треба да внимава како се однесува кон луѓето. Да не го понижува оној што останал подолу и да не ја заборава раката што му помогнала да се подигне. Животот се менува, а никој не знае кога повторно ќе му затреба нечија поткрепа.
Истата мудрост му зборува и на оној што изгубил нешто од стекнатото. Го потсетува да го сочува достоинството и да не се откаже од себе. Загубената работа, имот или положба не ја одземаат вредноста на човекот, како што ни високата положба сама по себе не му ја дава.
Токму во тие промени најдобро се гледа карактерот: колку човек останува благодарен и човечен кога му оди добро и колку останува чесен кога му е тешко.
Поука за денес
Денес лесно забележуваме кој што стекнал и до каква положба дошол. Вреди да забележиме и дали сè уште ги поздравува истите луѓе, дали има време да сослуша и дали е подготвен да помогне.
Кога ни оди добро, да им бидеме поткрепа на другите. Кога ни е тешко, да не се срамиме да побараме помош и да почнеме повторно.
На кое скалило од животот и да сме денес, најважно е да останеме луѓе.
Ј.К. — “Мудрости на старите лабуништани”
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...