Медиуми
Што значи „дезинформација“?
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Лабунишки Мудрости Вторник 03.11.2026
✍️ Јакуб Казимоски
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Политиката би требало да биде чесен натпревар на идеи, програми и луѓе што можат да придонесат за доброто на заедницата. Различните мислења би требало да помогнат да се најдат подобри решенија за заедничките потреби.
Но, за жал, често се претвора во поделба на луѓето на два спротивставени табора. Тогаш, наместо прашањето: „Што можеме да направиме за сите?“, во преден план излегува друго: „Што ќе добиеме ние ако победат нашите?“ А заедничкото добро, во чие име се барала довербата, останува да чека.
Ваквите поделби, според кажувањата на постарите лабуништани, не се од вчера. За време на моето службување како имам во Долната џамија во Лабуништа, имав можност да разговарам со луѓе што паметеа поинакви времиња, но раскажуваа за мошне слични односи меѓу луѓето.
Според нивните сеќавања, уште во времето на Кралска Југославија, на изборите се гласало за две спротивставени политички групи. Се менувале имињата, околностите и носителите на власта, а поделбата на „наши“ и „ваши“ се пренесувала и во секојдневниот живот.
Се разбира, не сите дозволувале политиката да им ги одредува односите со луѓето. Имало и такви што мирно ја исполнувале својата граѓанска должност: гласале за оној за кого сметале дека ја заслужува нивната поддршка, без да очекуваат лична корист од неговата победа.
Тие си имале своја работа, семејни грижи и животни приоритети. Победата на нивниот избраник не ја доживувале како сопствена заслуга, ниту поразот како лична загуба. По изборите продолжувале да живеат и да работат со истите луѓе, без оглед кој за кого гласал.
Знаеле дека угледот се стекнува со чесна работа, со исполнет збор и со коректен однос кон луѓето. Секој во својот занает и во својата професија имал можност да покаже колку вреди и да изгради име за почит во заедницата.
Но, кога станувало збор за оние што добивале власт, знаеле да ја кажат и оваа кратка, а длабока мисла:
„Дај му власт, па ќе видиш каков човек е.“
Во тие неколку збора е собрано животно искуство што не ја изгубило својата важност ни денес.
Колкумина сме ги сметале за блиски луѓе, за пријатели со кои сме пиеле кафе и сме воделе обични, секојдневни разговори. Биле пристапни, умееле да сослушаат и да се пошегуваат. Но, штом дошле до некоја одговорна функција, почнале да се однесуваат така што сме се прашувале дали се тоа истите луѓе.
Поздравот станал студен, разговорот краток, а средбата со нив сè потешка. За едни се наоѓало време, за други секогаш имало некаква пречка. Особено за оние од кои веќе не очекувале никаква корист.
Тогаш обично велиме: „Го смени власта.“
А старата мудрост нè наведува да размислиме подлабоко: можеби дотогаш не сме имале можност да видиме како тој човек се однесува кога другите зависат од него. Додека бил еден меѓу нас, сме го познавале како соговорник и сосед. Кога добил моќ да помогне, да одбие или да одлучи за нечие право, сме запознале и дел од неговиот карактер што претходно не сме го виделе.
Кај некого тогаш ќе се покажат праведноста и чувството за одговорност. Кај друг — суетата, користољубието и потребата да биде над другите.
Поука за денес
Кога избираме кому ќе му дадеме доверба, да гледаме како постапува со луѓето, особено со оние од кои нема корист. А ако нам ни биде доверена некаква власт, да се сетиме дека секој човек пред нас има свое достоинство и свое право — без оглед за кого гласал.
Зашто, функцијата има рок. Постапките остануваат во сеќавањето на луѓето.
Ј.К. — “Мудрости на старите лабуништани”
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Медиуми
Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.
Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
Биди првиот што ќе одговори денес.
0 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...