Четврток 19.11.2026
Приклучете се на нашата заедница
ТОП
04:51
Имсак
05:53
Сабах
06:28
Изгрејсонце
11:31
Пладне
13:59
Икиндија
16:23
Акшам
17:52
Јација
Контактирајте со Месната заедница на Лабуништа
Прегледи: 1.645.995

Интервју со Едип Салиу – Приказната зад една од највпечатливите куќи во Лабуништа

Лабуништа Новости Вторник 03.11.2026

Лабуништа е место во кое сè почесто можеме да забележиме прекрасни куќи, изградени со многу љубов, труд и внимание кон деталите. Зад многу од нив стојат нашите иселеници — луѓе кои, иако живеат и работат далеку од родниот крај, никогаш не ја забораваат својата Лабуништа.

Еден од нив е Едип Салиу, кој изградил навистина впечатлива куќа, со несекојдневна архитектура, спој на традиционални и современи елементи и препознатливи сини детали.

Со Едип разговараме за идејата, инспирацијата и љубовта вложена во изградбата на овој дом.

Од каде потекна идејата за ваквиот изглед на куќата? Што Ве инспирираше да внесете медитерански дух во Лабуништа?

Идејата беше моја замисла, инспирирана од моите патувања и од Медитеранот. Иако географски не сме на Медитеранот, сметам дека културолошки и историски припаѓаме и на тој простор. Сакав дел од таа атмосфера да донесам во Лабуништа и да ја преточам во својот дом.

Белата боја и сините детали ѝ даваат посебен белег на куќата. Какво значење имаат тие за Вас?

Белата боја за мене е симбол на чистота, мир и светлина, а воедно е и препознатлив елемент на медитеранската архитектура.

Сината, покрај тоа што е застапена во многу земји околу Медитеранот, ја чувствувам и како боја карактеристична за нашиот крај — бојата на Охридското Езеро. Така, оваа комбинација за мене претставува поврзување на медитеранската инспирација со поднебјето од кое потекнувам.

Колку време траеше изградбата и со какви предизвици се соочивте, особено затоа што живеете во странство?

Изградбата на една куќа, всушност, никогаш не завршува. Секогаш има нешто да се досреди или да се доработи. Сепак, поголемиот дел од куќата беше завршен за две години, со паузи.

Најголемиот предизвик е кога не си физички тука. Се гради на доверба и мора да најдеш мајстори кои ќе ја разберат твојата визија.

Имаше предизвици и со материјалите и деталите. Поради зголемената побарувачка за современи материјали, некои потрадиционални материјали тешко се наоѓаа, а некои воопшто не успеавме да ги најдеме. Сепак, со она што ни беше достапно, успеавме да оствариме барем дел од мојата визија.

Што Ви значи овој дом и колку Ви е важно да вложувате во родното место?

Можеш да живееш каде сакаш, но родниот крај е еден. Лабуништа е местото каде што пораснав, каде што се моите родители, роднините и спомените.

Ја градев куќата со надеж дека еден ден ќе се вратиме во родниот крај. Кога ја отвораш вратата и седнуваш на балконот, чувствуваш дека си дошол дома. Тоа е чувство на припадност што не можеш да го купиш никаде.

Како ја гледате Лабуништа денес и што би сакале да се промени во нејзиниот изглед во иднина?

Лабуништа брзо се менува и тоа ме радува. Можат да се забележат многу нови и модерни куќи во кои луѓето вложуваат со љубов. Тоа е доказ дека гурбетчиите не го забораваат своето родно место.

Би сакал Лабуништа да го задржи својот дух, но и да стане поуредна. Потребни ни се повеќе зеленило, пред сè чисти улици и поуредени дворови.

Не е секогаш потребно многу да се вложи за нешто да изгледа убаво. Важни се визијата и вниманието кон деталите. Ако секој од нас го уреди својот дом и двор со малку вкус и грижа, целото село може да изгледа како европско гратче.

Прегледи: 2191
ЗБОР НА ДЕНОТ

Медиуми

Што значи „дезинформација“?

Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.

На пример

Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.

CC BY-SA 4.0

Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
00%
Неточно
00%

Биди првиот што ќе одговори денес.

0 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликатa:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани вести
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...