Сабота 06.06.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
02:50
Имсак
04:24
Сабах
04:59
Сонце
12:45
Полден
16:44
Икиндија
20:18
Акшам
22:06
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Лабуништа

Вторник 06.01.2026
(Фото): Ова е решението штo ќе го промени целиот сообраќај низ Лабуништа

Сè на сè, со малку поинаква организација може да се добие многу – помалку нервози, побрз сообраќај и поуреден центар, без некои големи и скапи интервенции.

Понеделник 05.01.2026
Гурбетчии како миг – дојдоа и си заминаа

Само што ги пречекавме со зборовите: „Здрави дошле, како поминавте на поти?“, а веднаш потоа, со тешко срце, го поставувавме прашањето кое сите го знаевме: „Кога бегате?“.

Среда 31.12.2025
Успешно заврши бетонирањето на мезимот на Мехмед Али Пашината џамија

Овој значаен чекор претставува важен напредок во процесот на обновување и зачувување на овој вреден верски и културно-историски објект.

Вторник 30.12.2025
Апел до сите Лабуништани од иницијативниот одбор за доградбата

Ве известуваме дека во Среда, 31.12.2025 година, ќе се изведува бетонирање на плоча на Горна џамијата Лабуништа, почнувајќи од утрински часови сè до целосното завршување на работите.

Понеделник 29.12.2025
Детска магија во Netto Market: Mickey и Minnie донесоа насмевки и радост

Netto Market уште еднаш покажа дека мисли на своите најмлади посетители, организирајќи весел и незаборавен настан со омилените маскоти – Mickey Mouse и Minnie Mouse. Детската радост, насмевките и возбудата беа главниот белег на овој настан кој привлече голем број семејства.

Понеделник 29.12.2025
2025 – Година што Лабуништа ќе ја памети

2025 година ќе остане запишана како година на движење, обновување и заедништво во Лабуништа. Година во која зборовите се претворија во дела, а идеите – во видливи промени.

Недела 28.12.2025
(Фото): Куранска вечер во Лабуништа со масовна посетеност и духовна атмосфера

Настанот беше проследен со масовна посетеност, што уште еднаш ја потврди љубовта на верниците кон Куранот и духовните вредности, како и силната поврзаност на дијаспората со родното Лабуништа.

Недела 28.12.2025
(Фото): На “РАДИКА ФЕСТ” 2025 победник Ада Кадриоска од Бороец

Во Центарот за културата во Дебар синоќа се одржа 16-тото издание на фестивалот на детски забавни песни “Радика Фест” 2025.

Петок 26.12.2025
Санија Исламоска блесна на сцената на „Радика Фест 2025“

Младата и талентирана изведувачка Санија Исламоска оствари значаен успех на годинашното издание на музичкиот фестивал „Радика Фест 2025“, освојувајќи го третото место во силна конкуренција на учесници од целата земја.

Петок 26.12.2025
(Фото):Успешно полагање за ученички појаси во Карате клубот „Ерол“ – Лабуништа

Вечерва, во просториите на спортската сала во Лабуништа, членови на Карате клубот „Ерол 2007“ кои се под менторство на Ерол Зенделоски успешно полагаа испит за ученички појаси (Кју степени).

Четврток 25.12.2025
Секојдневни прекини на струја во Лабуништа – кој ќе ја понесе одговорноста?

Во последните денови, жителите на Лабуништа се соочуваат со сè почести и секојдневни прекини на електричната енергија, токму во периодот кога голем број печалбари се вратени во родното место за да го поминат зимскиот одмор со своите семејства.

Четврток 25.12.2025
Карате испит за појаси во Лабуништа – младите каратисти пред нов предизвик

Во Спортската сала во Лабуништа, во петок, на 26 декември 2025 година, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи карате испит – полагање за појаси, на кој ќе учествуваат каратисти од различни возрасни категории.

Четврток 25.12.2025
Лабуништа се обединува за големо хаирли дело – Куранска вечер што не смее да се пропушти

Во недела, 28 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Лабуништа ќе се одржи донаторска Куранска вечер, настан со хуманитарен и духовен карактер, посветен на собирање средства за доградба на Мехмет Али Пашината Горна џамија.

Понеделник 22.12.2025
(Фото): Лабуништа со двајца претставници во Муфтиството на Струга и Ријасетот на ИВЗ

Муфтиството во Струга денес официјално ги соопшти новите кадровски решенија, со кои се зајакнува институционалното претставување и делување во рамки на Исламската верска заедница.

Петок 19.12.2025
Ех времиња - кога Лабунишките улици беа полни со живот

Се сеќаваме на времињата кога лабунушките улици беа срцето на селото. Иако имаше помалку луѓе, имаше повеќе живот. На секој агол – продавница, пред секоја врата – разговор, смеа што одекнуваше до доцна навечер. Луѓето се движеа, се поздравуваа, застануваа „на збор-два“, а улиците дишеа со заедништво и топлина.

Вторник 16.12.2025
(Фото):Пристигна првата пратка на канти за смет во Лабуништа

Од Општина Струга истакнуваат дека тука не се застанува и дека ова е само еден од низата проекти кои се планирани и ќе се реализираат во периодот што следува. Во план се уште многу други активности и инвестиции насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура и создавање почиста и поздрава животна средина за сите жители.

Вторник 16.12.2025
Махир Асани назначен за в.д. директор на ООУ „Мурат Лабуништи“

Махир Асани е долгогодишен член на образовната заедница во Лабуништа и се познава по својот посветен пристап кон наставата и учениците. Со назначувањето, се очекува новото раководство да придонесе кон унапредување на наставниот процес, воведување нови активности и проекти, како и подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.

Вторник 16.12.2025
Риболовна Вечера – КАРП ФИШ Лабуништа

Ги покануваме сите членови, риболовци и пријатели на риболовното друштво КАРП ФИШ – Лабуништа на заедничка риболовна вечера, каде што ќе ја испратиме 2025 година со добро друштво, вкусна храна и одлична атмосфера.

Понеделник 15.12.2025
Посета на доктори во училиштето во Подгорци – едукативна средба за здравје и превенција

Во рамки на воннаставните активности, училиштето во Подгорци организираше значајна едукативна посета од страна на здравствени професионалци, која предизвика голем интерес кај учениците и наставниот кадар. На настанот учествуваа д-р Даут Дервишоски, специјалист по семејна медицина, и д-р Ениса Дервишоска, педијатар, кои одржаа презентација прилагодена на возраста на учениците и на нивните потреби.

Недела 14.12.2025
Ситно се бројат деновите: Лабуништа со отворено срце ги пречекува своите гурбетчии

Некои веќе пристигнаа, а за викенд, иншаллах, се очекува да пристигнат и останатите. Патиштата повторно водат кон домот, кон родното Лабуништа.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Последни новости
Во ООУ „Мурат Лабуништи“ поставен автомат за рециклирање пластика и лименки!
Петок 05.06.2026

Ве известуваме дека во дворот на ООУ „Мурат Лабуништи“ е поставен автомат за соб...

Прогласени Победниците На Изборот „Најубава Градина 2026“
Петок 05.06.2026

По неколкудневното гласање и големиот интерес на нашите следбеници, со задоволст...

Училишниот Двор Добива Нов Лик – Голема Благодарност До Binaj и Неџо Комерц За Поддршката!
Среда 03.06.2026

🎨 Со многу креативност, ентузијазам и тимска работа, наставниците и учениците од...

(Фото):Ново возило за ЈКП „Хигиена“ благодарение на донацијата од Махир Јускоски
Вторник 02.06.2026

Возниот парк на ЈКП „Хигијена“ ќе биде збогатен со уште едно возило за собирање ...

Мехмед Али Пашината (Горна џамија) влегува во завршната фаза од грубата градба
Понеделник 01.06.2026

Во тек се подготовките за поставување на последната плоча, со што успешно се зао...

Гордост за Лабуништа: Алдина Муслиоска меѓу најдобрите дебатери во Шведска
Сабота 30.05.2026

Нашите деца секојдневно докажуваат дека Лабуништа има талентирани, вредни и амби...

🌺🏡 Избор за Најубава Градина во Лабуништа 2026 🏡🌺
Петок 29.05.2026

Лабуништа отсекогаш била препознатлива по своите уредени дворови, шарени цвеќиња...

Хуманитарниот базар организиран од нашите ученици имаше прекрасен успех
Четврток 28.05.2026

Имавме чест да ги пречекаме родителите, како и директорите од другите училишта, ...

Џамиите преполни за Бајрам намаз
Среда 27.05.2026

Уште од раните утрински часови, низ Лабуништа се почувствува посебната убавина н...

„Плачките“ за Бајрам — најголемата детска радост што во Лабуништа живее со генерации
Среда 27.05.2026

А најубаво е што многу гурбетчии, без разлика каде се низ светот, специјално се ...