Старите лабуништани немале можност за високо образование. Животот рано ги упатувал кон работата, наместо кон училишните клупи. Но, меѓу нив имало луѓе со природна интелигенција, бистра мисла и животна мудрост од кои можело многу да се научи.
Повторно добиваме фотографии кои сведочат дека несовесни граѓани повторно фрлаат отпад во месноста Краста. Место кое со години беше симбол на негрижа и загадување, а кое со многу труд и ангажман постепено почна да го враќа својот природен изглед.
Известување...
Во време кога сè повеќе туристи бараат автентични доживувања во природа, Јабланица има сè што е потребно да стане препознатлива дестинација за планински велосипедизам, пешачење, планинарење и активен еко-туризам.
Искрени честитки до Тосум Исејноски со желби за успешна и долга кариера во полициската служба!
Голема чест и радост за Лабуништа! Нашиот сограѓанин Шазиман Муслиоски е дел од новата генерација полициски службеници 2025–2026, која успешно ја заврши основната полициска обука и положи свечена заклетва.
Реченица што можеби најдобро ги опишува последните четириесет години во Лабуништа.
Голема чест и радост е што Лабуништа имаше свој претставник на Меѓународниот натпревар во учење на Кур’ан, кој се одржа во Скопје.
Со голема тага и разочараност ги гледаме сликите од училишниот двор и училишната зграда. Наместо место каде што децата ќе учат, спортуваат и ќе растат, сведоци сме на уништена фасада, оштетени ѕидови и расфрлан отпад. Ова училиште не е ничија приватна сопственост – тоа е наше, на сите жители на Лабуништа. Изградено е со труд и средства за доброто на сегашните и идните генерации. Секое оштетување значи дополнителен трошок што повторно го плаќаме сите ние.
За жал, училишниот двор и самиот објект сè почесто се мета на несовесни и безобразни деца, но и на поединци од нашето место кои намерно го уништуваат она што им припаѓа на сите.
Старите лабуништани не донесувале лесно и набрзина суд за човек кого не го познавале добро, ниту го граделе своето мислење за другите врз основа на туѓи зборови и прераскажувања. Знаеле дека секоја кажана приказна не е и целосна вистина и дека човекот најдобро се запознава преку личниот однос и непосредното искуство.
На 28 јули 2026 година, кандидатот Сезаир Фејзулоски, дипломиран градежен инженер, успешно ја одбрани магистерската теза со наслов „Споредбена анализа на резултатите за модулот на стисливост на подтлото добиени преку in situ испитувања“. Членови на Комисијата беа доц. д-р Тони Китановски – претседател, проф. д-р Кемал Едип – член и ментор и доц. д-р Сеад Абази – член.
Колку би било убаво, чекор по чекор, да продолжиме со обновување и уредување на јавните чешми што ни ги оставиле старите генерации. Тие не се само места од кои се точи вода, туку дел од нашата историја, спомени и заедничко наследство што треба да го зачуваме.
„На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети. Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.
Во Долна Џамија во Лабуништа, во недела, 26 јули 2026 година, ќе се одржи исламско предавање од страна на М-р. Ирфан Клица, познат исламски предавач, психолог и автор од Црна Гора.
Откако вчера беа поставени сите нови рефлектори, денеска се заврши уште еден голем дел од работата:
Од денес Ranefa.mk започнува со онлајн нарачки и достава до Лабуништа, Боровец и Подгорци!
Поради непречено одвивање на работите и движењето на градежната механизација, ги замолуваме сите граѓани навреме да ги отстранат своите автомобили од плоштадот и главната улица.
Старите лабуништани умееле со една кратка и духовита реченица да кажат повеќе отколку што понекогаш можат да објаснат цели страници. Нивните кажувања биле родени од животното искуство, од секојдневните маки и од внимателното набљудување на луѓето. Зад шегата често се криела сериозна вистина, а зад едноставните зборови — длабока животна поука.
Лабуништа повторно ќе живее во ритамот на свадбените веселби. Оваа сезона се очекува да се одржат околу 80 свадби, што уште еднаш покажува дека нашето село е преполно со живот, љубов и убави семејни традиции.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Старите лабуништани живееле од својот труд. Во многубројните семејства, обврскит...
ООУ „Мурат Лабуништи“ - Лабуништа објавува повик за избор на учесници во рамките...
Високото минаре, осветлено од сите страни, ги привлекува погледите од различни д...
Одобрениот проект претставува важен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем...
Денес се врши монтажа на ПВЦ-столаријата на џамијата, со што продолжуваат работи...
Денес, 13 ноември, во спортската сала на ООУ „Мурат Лабуништи“ – Лабуништа, се о...
За децата на ФК Лабуништа Јуниор ова беше прво искуство на фудбалскиот терен во ...